Mohamad Misto,Levent Tok
05 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
ИСТОЧНА ГУТА / АНКАРА (АА) - И покрај одлуката на Советот за безбедност на ОН да се воспостави еден месец хуманитарен прекин на огнот, силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад вршат копнена операција за преземање на бунтовничката енклава во Источна Гута, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нападите врз Источна Гута, на воздушните сили на Асад, поддршка им пружаат и руските сили.
Неименувани локални извори јавуваат дека силите на режимот започнаа операција за преземање на стратешки важната област Дума, со што енклавата во Источна Гута ќе биде поделена на два дела.
https://aa.com.tr/mk/info/%D0%98%D0%BD%D1%84%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BAa/9209
Во првите неколку часа од операцијата, силите на режимот на Асад ги окупираа регионите Утај, Бешабиа, Харизма и Хош ал-Давар.
Двата дела од Источна Гута, кои се под контрола на сириската опозиција, во моментов се поврзани со коридорот кај Хареста, кој е широк само три километри.
Локалната цивилна заштита известува дека цивилите од Источна Гута сè уште се цел на катастрофални воздушни и артилериски напади. Според првите информации, најмалку 38 цивили биле убиени во нападите на силите на режимот во Дума.
Силите лојални на режимот на Асад, од 19 февруари убија најмалку 756 цивили во Источна Гута, а билансот може и да расте, бидејќи нападите во тој регион уште траат.
Источна Гута е под контрола на сириската опозиција, а регионот е под тотална опсада од режимските сили, речиси шест години. Во последниве месеци, силите лојални на режимот ги интензивираа нападите врз населените места.
Близу 400 000 цивили во Источна Гута се постојана цел на напади од силите лојални на режимот на Асад, кој не дозволува испорака на хуманитарна помош за регионот.