Aida Cako
31 Октомври 2025•Ажурирај: 31 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) – Силни поплави го зафатија медицинскиот центар „Палисејдс“ во округот Хадсон, во државата Њу Џерси, поради обилни врнежи кои предизвикаа сериозно излевање на водите во околината, јавува Анадолу.
Според снимките од местото на настанот, медицинскиот персонал и пациентите се обидувале да стигнат до своите возила кои биле делумно потопени во вода, додека неколку улици околу болницата биле целосно поплавени.
Луѓето со тешкотија се движеа низ водата пред влезот на болницата, додека некои возила останале заглавени на патот.
Метеоролозите најавија дека се очекуваат дополнителни врнежи во следните денови, поради што граѓаните се повикани на претпазливост.