Burç Eruygur
27 Октомври 2022•Ажурирај: 28 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Предупредувачките сирени за можни руски воздушни напади се огласија низ источна, северна и јужна Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев, објавија утринава локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Официјални лица во многу украински области објавија на Телеграм дека постои голема можност за воздушни напади, апелирајќи до цивилите да се евакуираат.
Наводно, сирените не се огласиле само на територијата на Крим, кој е под нелегална руска окупација од 2014 година.
Локалните власти во Украина секојдневно предупредуваат одредени области за можни нови руски ракетни или воздушни напади врз цели кои може да вклучуваат цивилни цели и енергетска инфраструктура.
Руските сили започнаа нова серија воздушни напади врз Киев и други украински градови во последните три недели.
Серијата напади започна откако силна експлозија го потресе клучниот руски мост „Керч“ на полуостровот Крим.