Ercan Doğan
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Машката кошаркарска екипа на „Галатасарај Одеобанк“, член на турската прва кошаркарска лига, на местото на поранешниот тренер, Ерман Кунтер, го донесе скопјанецот Октај Махмути, јавува Anadolu Agency (AA).
На официјалната интернет-страница на „црвено-жолтите“ е објавено дека клубот потпишал договор на 1,5 година со Махмути.
Искусниот кошаркарски стручњак, пред 6 години, во сезоната 2011/2012 ја водеше кошаркарската екипа на „Галатасарај“.
Поголемиот дел од својата кариера, Октај Махмути ја мина во редовите на „Анадолу Ефес“. Својата кариера во „Анадолу Ефес“ ја започна во далечната 1992/93 сезона како помошник-тренер и беше дел од тренерскиот кадар што во 1996 година го освои европскиот Куп на Радивој Кораќ.
Во сезоната 2000/2001 Махмути стана главен тренер на „Анадолу Ефес“ и освои 4 последователни титули на турското кошаркарско првенство.
Во сезоната 2007/2008 премина во редовите на италијанскиот клуб „Бенетон“ од Тревизо, а во 2010 година дојде во редовите на „Галатасарај“. Во меѓувреме, исусниот кошаркарски стручњак којшто потекнува од Македонија, повторно го презеде водството на „Анадолу Ефес“, за да подоцна премине во редовите на „Дарушафака“.