Davit Kachkachishvili
02 Април 2022•Ажурирај: 04 Април 2022
КИЕВ (АА) - Снимките од украинскиот град Ирпин, во близина на Киев, каде што неодамна се одвиваа тешки борби, беа снимени вчера од страна на новинарите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во тек се операции за пребарување и расчистување на мините од градот што беше ослободен од руска окупација претходно оваа недела.
Придружувајќи го тимот на Агенција Анадолија за време на обиколката на градот, еден од челниците на полицијата за специјални операции на Министерството за внатрешни работи на Украина, Дмитро Шатровски, рече дека Ирпин и околните села се под контрола на Украинските вооружени сили во последните два дена и дека она што се случило за време на руската окупација изгледа „како судниот ден“.

Снимките направени од Агенција Анадолија ја покажуваат воената мобилност и тековните напори за евакуација на цивилите кои се кријат во магацините и засолништата.
На снимките се гледаат празни улици, авении и паркови, како и бездомни миленичиња во многу делови на градот.
Исто така, се гледаат згради уништени од силното бомбардирање, запалени воени и цивилни возила и празни патрони.

Украинските вооружени сили во понеделникот соопштија дека градот е ослободен од руската окупација.
Гувернерот на Чернихив, Вијачеслав Чаус, преку социјалните мрежи кажа дека руската Армија полека се повлекува од градот откако украинската Армија почнала да ги расчистува мините од локациите што претходно ги држеше Русија.
Но, тој предупреди дека заканата од ракетни и воздушни напади останува и дека северниот дел на градот сè уште е под руска блокада.
Руско-украинската војна, што започна на 24 февруари, наиде на голема меѓународна осуда, а Европската Унија, САД и Велика Британија, меѓу останатите, воведоа строги финансиски санкции кон Москва.
Досега во војната животот го загубиле најмалку 1.232 цивили, а 1.935 се повредени, според проценките на ОН, кои стравуваат дека вистинските бројки се многу поголеми.
Над 4 милиони Украинци ја напуштиле Украина и пребегале во други земји, а милиони се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.