Emel Öz Gözellik
18 Март 2019•Ажурирај: 20 Март 2019
АНКАРА (АА) – За блиските на лицата што ги загубија животите во нападите во петокот, за време на петочната молитва во Крајстчрч, Нов Зеланд, беа собрани вкупно 7,4 милиони долари помош, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од локалните медиуми, за семејствата на 50-те лица што ги загубија животите во нападите во градот Крајстчерч, во Нов Зеланд, преку интернет се собрани над 7,4 милиони долари помош.
Преку веб-страницата „Givealittle“ околу 70 илјади донатори собрале помош од 5,4 милиони долари.
Исто така, преку друга веб-страница, „LaunchGood“, собрани се над 2 милиони долари.
Во градот Крајстчрч, Нов Зеланд, за време на петочната молитва, 50 лица загинаа во терористичките напади врз две џамии извршени во временски интервал од 10 минути.