Amina Zorniç
13 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
САРАЕВО (АА) - Директорот на Советот за американско-исламски односи, Нихад Авад, остро го осуди вчерашниот напад кој се случи во Флорида, во градот Орландо, додавајќи дека напаѓачот нема никаква поврзаност со исламот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во нападот извршен во ноќниот клуб од страна на американецот Омар Матен, убиени се најмалку 50 а ранети 53 лица
Откако во светската јавност, Матен беше поврзан со теористичката организација ДАЕШ, Авад изјави дека нејзините припадници не припаѓаат на исламот.
„Како ќе застанете пред Бога да одговарате за злосторствата кои ги сторивте над стотина недолжни луѓе, муслимани, христијани и други? Вие не зборувате во наше име, не нè претставувате, не зборувате во име на нашата вера, не припаѓате на нашата убава вера, вие можеби го тврдите тоа но 1,7 милијарди луѓе го одбиваат вашиот екстремизам и вашите злосторства. И за оние политичари кои се обидоа да ја искористат оваа трагедија, ги молиме да ги почитуваат жртвите и нивните семејства. Ова не е време за покажување на страв, ова е време за обединување и верба”, изјави Авад.
Во тек е обемна истрага за деталите и причините за еден од најсмртоносните напади во историјата на Соединетите Американски Држави.