Ekipa
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
МОГАДИШУ (АА) - Најмалку 20 лица се убиени во терористички напад кој се случи денес во воена база во Сомалија, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициските претставници на автономната сомалиска покраина Џубаланд соопштија дека терористите на Ал-Шабаб извршиле самоубиствен напад врз воената база кај градот Кисмао.
Во соопштението се наведува дека во нападот и во оружениот судир кој следел биле убиени најмалку 20 лица, и дека сомалиската војска се повлекла од базата, подготвувајќи акција против терористите.
Локални извори јавуваат дека терористите по нападот ја зазеле воената база, а дека биле хоспитализирани повеќе десетици ранети војници.