Sarp Özer
18 Декември 2020•Ажурирај: 19 Декември 2020
КИЕВ (АА) - Турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу беа примени на средба од страна на украинскиот претседател Владимир Зеленски, јавува Владимир Зеленски, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар и Чавушоглу реализираат официјална посета на украинскиот главен град Киев.
Двацата турски министри во овие рамки се состанаа со украинскиот претседател Зеленски.
Состанокот се одржа во зградата на украинското Претседателство.
Чавушоглу на својот Твитер профил објави соопштение во врска со оваа средба.
„До украинскиот претседател Зеленски го упативме поздравот на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Нашите односи со Украина се на одлично ниво. Во наредната година во нашата земја ќе го реализираме 9. Состанок на стратешкиот совет од високо ниво“, напиша Чавушоглу.