Muhammed Bilal Kenasari
24 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт, истакна дека изјавите на Русија се бескорисни и се пропаганда и оти Русија се обидува да ги расипе односите меѓу двата сојузници на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Нојерт на дневниот брифинг за медиумите зборуваше околу операцијата „Маслинова гранка“ што се спроведува од страна на Турските вооружени сили (ТСК) и за изјавите на Русија.
„Изјавите на Русија не се само бескорисни, туку тие се пропаганда. Русија се обидува да ги расипе односите меѓу двата сојузници на НАТО“, нагласи Нојерт околу руските изјави дека неконтролираниот транспорт со модерни оружја на САД ја присилил Турција да ја изврши операцијата.
Нојерт рече дека Министерот за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон, и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, реализирале многу сериозни отворени разговори околу оваа операција. „Постои сериозна загриженост. Трите телефонски разговори направени во овој период се доказ за тоа“, додаде таа.
Според Нојерт, Африн претходно беше подрачје што се сметаше за стабилно. „Моментално не е во прашање дали е стабилно. Постои сериозна загриженост. Секој треба да се насочи кон ДЕАШ. Голем проблем би бил од нашата цел да се изземе ДЕАШ, а да се стават Курдите", истакна Нојерт.
Нојерт кажа дека прашањето за Африн е едно од најзначајните прашања во агендата на Тилерсон. „Ја разбираме загриженоста на Турција околу ПКК. Ние сме во контакт за ова прашање“, рече портпаролката на Стејт департментот на САД, Хедер Нојерт.