Elena Trenchevska Chekovic
17 Декември 2025•Ажурирај: 17 Декември 2025
ТОРОНТО (АА) - Студен бран ја зафати Канада оваа недела, со значителен пад на температурите низ Јужен Онтарио, јавува Анадолу.
Во Торонто, граѓаните го искористија силниот мраз и лизгаа по замрзнатите делови од езерцата на Центар Ајленд, најпопуларниот дел на островите Торонто додека поголеми парчиња мраз се формираа покрај брегот.
Островите во Торонто, познати како омилено летно прибежиште за одмор и рекреација, во зимски услови добиваат поинаков изглед со посебен шарм.
Посетителите уживаат во зимскиот амбиент со поглед кон хоризонтот на Торонто.