Ömer Erdem
03 Јануари 2022•Ажурирај: 04 Јануари 2022
КАРТУМ
Премиерот на Судан, Абдула Хамдук истакна дека поднел оставка од функцијата поради фактот што политичката криза не може да се реши и покрај напорите за помирување меѓу воената и цивилната компонента во транзицискиот период, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за државната телевизија, Хамдук рече: „Одлучив да поднесам оставка со цел да се отвори пат за народот на Судан и да им се даде шанса на другите членови на оваа благородна земја.“
Наведувајќи дека преодната влада се соочила со големи тешкотии, особено во економијата, Хамдук истакна дека сите овие тешкотии се обиделе да ги надминат уште од првиот ден.
„Нашиот пристап кон решавањето на сите проблеми отсекогаш бил дијалог и консензус. Во некои области успеавме, а во други не. Вложивме напори да ја извлечеме нашата земја од меѓународната изолација, да ја отстраниме од листата на држави кои го поддржуваат тероризмот и повторно да се интегрира во меѓународната заедница“, додаде Хамдук.
Додавајќи дека понудил неколку иницијативи како решение за политичката криза во земјава, но не успеал да добие никаков резултат, Хамдук продолжи со зборовите:
„Во оваа насока беше и политичкиот договор потпишан со командантот на армијата Абдул Фатах ал Бурхан на 21 ноември. Политичкиот договор со воената компонента беше обид за повторно воспоставување на патот на цивилната демократска трансформација. Го потпишав политичкиот договор за спречување крвопролевање и да се обезбеди ослободување на политичките затвореници. Дадов сѐ од себе за да спречам катастрофа во земјата. Суданската револуција напредува кон своите цели. Победата е неизбежна“.