Ruslan Rehimov
13 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
БАКУ (АА) – Во судирите што избувнаа на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, загина еден поручник на азербејџанската Армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека судирите што започнаа вчера во пограничниот регион Товуз продолжиле во текот на ноќта.
Наведено е дека во судирите загинал еден поручник на азербејџанската Армија.
Од Министерството се вели дека азербејџанската Армија во текот на ноќта со топови, минофрлачи, уништила позиции, артилериски батерии и возила кои припаѓале на ерменската Армија.
Меѓу другото, во соопштението се наведува дека ерменската страна ги крие информациите за жртвите.
Исто така, се нагласува дека ситуацијата е под контрола на азербејџанската Армија.
Министерството ја сподели снимката од нападот врз позициите што припаѓаат на ерменската Армија направена со беспилотно летало.
Ерменската Армија вчера се обиде да ги нападне азербејџанските позиции во регионот Товуз, по одговорот на азербејџанската Армија, таа се повлекла.
Во судирите загинаа тројца азербејџански војници, додека четворица се повредени.