Ekipa
29 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку 19 авганистански полицајци се убиени во два одделни напади, кои денеска ги извршија талибанските милитанти во провинциите Кундуз и Забул, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на областа Кан Aбад, во северниот дел на авганистанската провинција Кундуз, Хајатулах Амири, соопшти дека талибанските милитанти минатата ноќ извршија напад врз неколку контролни пунктови и убија 13 полицајци, крадејќи неколку возила, голема количина на оружје и полициска опрема.
„Нападот се случи околу три часот по локално време и размената на оган траеше речиси два часа. Преживеа само еден полицаец“, изјави Aбад за локалните медиуми.
Паралелно со ова, талибанските милитанти извршија сличен напад во оподрачјето Аргандаб, во јужната провинција Забул.
Локалниот официјален претставник, Амирјан Алокозај, истакна дека во тој напад загинале најмалку шестмина полицајци и 12 талибански милитанти.
Талибанското движење ја презеде одговорноста за двата напади минатата ноќ.