Saadet Firdevs Aparı
06 Октомври 2022•Ажурирај: 07 Октомври 2022
БАНГКОК (АА) - Во оружен напад извршен во Центарот за грижа на деца во Тајланд животот го загубија повеќе од 30 лица, од кои повеќето деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нападот се случил во Центарот за грижа на деца во подрачјето на Нонг Буа Ламфу кое се наоѓа во североисточниот дел на Тајланд.
Според првичните сознанија, во нападот загинале над 30 лица.
Се вели дека повеќето од загинатите се деца.
Полицијата соопшти дека напаѓачот кој е поранешен полицаец, сѐ уште не е фатен.