Burak Bir
04 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
АНКАРА
Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, вчера одржа телефонски разговор со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт O ’Брајан, со кого разговараше за неколку прашања, вклучувајќи ги неодамнешните случувања во Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата на портпаролот на турското Претседателство, тој на советникот за национална безбедност на Белата куќа му кажал дека Анкара не посакува ескалации во спорот со другите земји во регионот.
„Наместо тоа, поддржува модел според кој сите страни ќе можат рамноправно да го делат регионот и неговите ресурси на фер начин, како што претходно предложи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, се вели во изјавата на Калин.
Калин исто така нагласи дека едностраната и максималистичка политика на Грција, поради која се ескалираа тензиите и се игнорираше меѓународното право, е неприфатлива, и дека таквите пристапи треба да се избегнат за да се постигне политичко решение.
Истакнувајќи ја решеноста на Турција да ги заштити своите права и правата на Турската Република Северен Кипар (TRNC) во Источниот Медитеран, тој исто така рече дека ќе се вложат сите напори Медитеранот да стане „море на мирот“.
Калин и O ’Брајан исто така дискутираа за билатералните односи и регионалните прашања.
Грција го оспорува енергетското истражување на Турција во Источниот Медитеран, со обиди нелегално да го ограничи турското поморско подрачје и да го исцрта кај своите брегови на малите грчки острови во близина на турскиот брег.
Турција, земја со најдолг брег на Медитеранот, испрати наменски бродови за да ги изврши енергетските истражувања во својот континентален појас, велејќи дека Турција и Турската Република Северен Кипар (TRNC) имаат права во тој регион.
Со дијалог за праведна поделба на ресурсите, ќе имаат сите страни, посочуваат турските официјални претставници.