Gökhan Kurtaran
12 Мај 2018•Ажурирај: 12 Мај 2018
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј оствари телефонски разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Кабинетот на британската премиерка, Меј за време на телефонскиот разговор упатила честитки до Трамп поради ослободувањето на тројцата американски државјани во Северна Кореја.
Во соопштението се вели дека Меј нагласила оти Британија ќе ја продолжи соработката со САД, со цел вршење притисок во насока на денуклеаризација на Северна Кореја.
Како што се наведува во ова соопштение, Меј го осуди ракетниот напад на Иран врз израелските сили, и додаде дека нејзината земја силно го поддржува правото на самоодбрана на Израел против агресијата на Иран.
Во разговорот Меј ја изрази решителноста на Британија и нејзините европски партнери за продолжување на Нуклеарниот договор со Иран.
Двајцата лидери се осврнаа и на можното влијание на санкциите на САД врз западните компании кои дејствуваат во Иран.