Aida Cako
18 Јуни 2025•Ажурирај: 19 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) – Тензиите помеѓу Израел и Иран продолжуваат откако израелските сили го нападнаа аеродромот „Пајам“ во градот Караџ, кој се наоѓа во иранската покраина Алборз, јавува Анадолу.
Иранските медиуми денес објавија дека бројот на жртви од израелските воздушни напади низ Техеран и други населени области се искачил на 585, а најмалку 1.326 лица се повредени од почетокот на нападите минатата недела.
Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел започна координирани воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, меѓу кои и воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.
Израелските власти соопштија дека најмалку 24 лица загинале, а стотици се повредени во иранските ракетни напади од петокот.