Alaattin Doğru
26 Декември 2019•Ажурирај: 27 Декември 2019
ДАКАР
По вчерашниот напад на терористите во подрачјето Соум, во северниот дел на африканската држава Буркина Фасо, во кој животот го загубија 35 цивили и 7 војници, синоќа терористите ѝ поставија стапица на воена патрола. Во нападот загинаа 11 војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните весници, синоќа воен вод од воената база „Намисигуиан“ упаднал во стапица на терористите за време на патролирањето во подрачјето на селото Халале.
Безбедносните извори информираа дека во нападот животот го загубиле 11 војници.
Во истата област вчера терористите нападнаа цивилна населба и воен камп, убивајќи 35 цивили и 7 војници. Бебедносните сили информираа дека се неутрализирани 85 терористи.
По нападот во земјата е прогласена 48-часовна национална жалост.
- Продолжува вонредната состојба во 7 региони
Во нападите што терористите ги изведоа во Буркина Фасо за период од 4 години животот го загубија повеќе од 600 лица.
Поради зголемените терористички напади во Буркина Фасо, во северниот, западниот, централниот дел од земјата и во регионот Сахел од 1 јануари 2019 година е прогласена вонредна состојба. Вонредната состојба во Буркина Фасо уште е во сила во 7 од 13 региони во земјата.