Hakan Çopur
13 Октомври 2017•Ажурирај: 13 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот државен секретар Рек Тилерсон на конференцијата за медиуми во Вашингтон изјави дека САД во овој момент нема да се повлече од нуклеарниот договор со Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Сепак, истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе бара од Конгресот повторно да го разгледа спомнатиот нуклеарен договор.
Додаде дека американската администрација и понатаму ќе остане приврзана кон договорот, напоменувајќи дека Белата куќа овој пат нема во одлуката да наведува дека Иран ги почитува точките од договорот.
Нагласи дека прв пат од 2015 година, кога е потпишан нуклеарниот договор, нема во одлуката која ќе му ја упати на Конгресот да наведува дека „Иран ги почитува точките од договорот."
На крајот додаде и дека Трамп во своето скорешно обраќање во врска со договорот ќе рече дека „нуклеарниот договор со Иран не е во склад со интересите на САД".
Делегациите на Иран и групата 5+1, односно пет постојани членки на Советот и Гермаија, во јули 2015. година го постигнаа спомнатиот договор.
Договорот во повеќето земји од светот е дочекан со воодушевување, посебно во Техеран. Се смета за „нова страница" во меѓународните односи, но против него и понатаму гласно се залага Израел.