Recep Canik
10 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
НАЈРОБИ (АА) - Во рамките на турнејата по Африка, во Кенија пристигна Рекс Тилерсон, шефот на американската дипломатија. По пристигнувањето, Тилерсон имал здравствени проблеми и откажани се средбите закажани за првиот ден од посетата, јавува Anadolu Agency (AA).
Државен потсекретар на САД, Стив Голдштајн објави писмено соопштение во кое наведува дека министерот за надворешни работи на САД Тилерсон, се преморил од интензивното темпо по важните прашања околу Северна Кореја, поради што не се чувствува добро, истакнувајќи дека тоа е причината поради која се откажани средбите во првиот ден од посетата на Кенија.
Во соопштението се вели дека не станува збор за ништо сериозно и дека откажаните средби од првиот ден на посетата, ќе бидат одржани во наредните денови.
Шефот на американската дипломатија, Рекс Тилерсон, во рамките на африканската тура, по посетата на Етиопија, денеска пристигна во Кенија.
Се очекува Тилерсон да престојува во Кенија до понеделник, од каде ќе замине во посета на Џипути, Џад и Нигерија.