Ekip
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Доналд Трамп, претседателот на САД, ќе овозможи во фискалната 2018 година во земјата да влезеат максимум 45.000 бегалци, што е најмал број во последните неколку децении, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп потпиша меморандум и ја објави одлуката во петокот навечер. Од Белата куќа велат дека Трамп применил „одговорен и хуманитарен пристап", и тврдат дека е потребно намалување за да се овозможи подетална контрола на кандидатите.
САД во фискалната 2016 година примија 84.995 бегалци, а поранешниот претседател Барак Обама сакаше во 2017 година тој број се зголеми на 110.000.
Трамп стави ограничување на миграцијата во средиштето на своето надворешно политичко делување.
Се предвидува дека вистинскиот број на бегалци кои ќе се преселат во САД би можел да биде значително помалку од 45.000, колку што е ограничувањето.