Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
ВАШИНГТОН
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави: „Ѝ наредив на американската морнарица да пука доколку во морињата бидат вознемирени од страна на ирански вооружен брод или бродови“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Петтата флота, која е дел од американската морнарица, минатата недела информираше дека 11 брзи глисери на Армијата на револуционерната гарда на Иран на прилично опасен начин вознемириле 6 бродови на САД во Персискиот Залив.
Во соопштението се наведува дека и покрај даденото предупредување, брзите глисери дури 1 час подоцна реагирале и се оддалечиле од подрачјето, додавајќи дека не дошло до каков било судир притоа.
Министерот за одбрана на Иран, Емир Хатеми, во врска со директната средба на брзите глисери на Армијата на револуционерната гарда на Иран и американските бродови што се наоѓаат во Персискиот Залив, изјави: „Главниот фактор на нестабилноста во Персискиот Залив се Американците и нивното инвазиско и незаконско постоење, кои доаѓаат на границите на Иран од други делови на светот поставувајќи неосновани тврдења.“