Rabia İclal Turan
19 Јуни 2026•Ажурирано: 19 Јуни 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не постојат „никакви ограничувања“ за неговите претседателски овластувања по завршувањето на војната меѓу САД и Иран, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави ја имаат „најмоќната војска во светот“, пренесува Анадолу.
Во интервјуто за „Аксиос“ објавено вчера, Трамп беше прашан какви поуки извлекол за примената и границите на претседателската моќ како резултат на овој конфликт.
„Не постојат никакви граници. Сè уште ја немам извлечено таа поука. Свесен сум дека теоретски постојат, но во практика нема ограничувања. Воено целосно ги поразивме“, изјави тој.
„Ја имаме најмоќната војска во светот, убедливо. Кој друг би можел да изведе таква блокада? Јас спроведов поморска блокада низ која ниту еден брод не успеа да помине. Некои се обидоа. Не успеаја, знаете. Тоа не траеше многу долго“, додаде тој.
Запрашан за тоа дали Меморандумот за разбирање, што неделава го потпишаа САД и Иран, всушност претставува „безусловна капитулација“ – каква што првично бараше од Техеран – Трамп одговори: „Па, ова најверојатно навистина е безусловна капитулација“.