Hakan Çopur
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, им се заблагодари на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на косовскиот премиер Авдулах Хоти за „чекорот за нормализацијата на нивните односи“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Џад Дир, заменик-портпаролот на Белата куќа, соопшти дека Трамп остварил одделни телефонски разговори со Нетанјаху и Хоти.
„Трамп им честиташе на двајцата премиери поради тоа што ќе се воспостават дипломатски односи меѓу Израел и Косово и дека Косово ветило дека ќе отворат конзулат во Ерусалим“, нагласи портпаролот Дир.
Во соопштението исто така се истакнува дека лидерите се согласиле оти постигнатиот договор меѓу Израел и Косово е „важен чекор кон посеопфатен мир на Блискиот Исток“.
На церемонијата што се одржа во Белата куќа вчера попладне, Косово и Србија се договорија за „економска нормализација“.
Според истиот договор, Косово се обврза да ги нормализира своите односи со Израел и да воспостави дипломатски односи со оваа земја, а Србија вети дека ќе ја премести својата амбасада во Ерусалим во јули.