Michael Hernandez
11 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ја нагласи желбата за подобрување на односите со Русија, за време на вчерашниот состанок со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се вели од Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот беше фокусиран на случувањата во Сирија и во Украина, каде што САД и Русија ги поддржуваат спротивставените страни во конфликтот.
„Трамп во врска со Сирија ја нагласи потребата Русија да го стави под контрола режимот на Башар ал Асад, Иран и иранските застапници“, соопшти Белата куќа во врска со средбата во Овалната соба.
„Трамп исто така ја искажа и можноста за поширока соработка за решавање на конфликтите на Блискиот Исток и на другите места“, се додава во соопштението.
Состанокот меѓу Лавров и Трамп се одржа еден час откако рускиот дипломат се состана со државниот секретар Рекс Тилерсон во Стејт департментот, состанок кој траеше еден час.
„Високите претставници дискутираа за важноста да се порази ДЕАШ, запирање на насилството во Сирија и да се обезбеди хуманитарната помош да стигне до стотици илјади цивили во земјата“, се вели во соопштението.
„Тилерсон понатаму ја нагласи потребата за целосна имплементација на договорите од Минск во Украина“, вели портпаролката Хедер Наурт.
„Ќе останат санкциите за Русија, додека таа не се повлече од својата поддршка за бунтовниците во источниот дел на Украина и од анексијата на Кримскиот Полуостров од Украина“, додаде портпаролката.