Dildar Baykan
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека е убиено лицето кое било предвидено да дојде на местото на убиениот водач на терористичката организација ДЕАШ, Ебу Бекр ал Багдади, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Потврдено е дека лицето број еден кое требало да дојде на местото на Багдади е елиминирано од страна на американските војници“, напиша Трамп на Твитер.
Трамп не го соопшти името на убиеното лице.
„Најверојатно тој ќе ја преземеше највисоката функција, но сега и тој е мртов“, додаде тој.
- Операцијата на САД против Багдади -
Челникот на ДЕАШ, Ебу Бекр ал Багдади, бил пронајден мртов за време на операцијата извршена со осум хеликоптери во северниот дел на Идлиб од страна на специјалните сили на САД.
Трамп претходно истакна дека Багдади влегол во еден тунел во куќата во која се наоѓал и дека активирајќи го елекот бомба извршил самоубиство, при што, заедно со него, животот го загубиле и трите деца кои биле со него.