Dildar Baykan
20 Јануари 2021•Ажурирај: 20 Јануари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, чија претседателска функција завршува денес, ја напушти Белата Куќа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп во утринските часови ја напушти Белата Куќа со цел да патува за Флорида.
Во воздухопловната база „Ендрјуз“ во близина на Вашингтон се организираше церемонијата за испраќање на Трамп.
Со тоа што нема да учествува на инаугурацијата на Џо Бајден, Трамп нема да испочитува уште една традиција.
Џо Бајден во 12:00 часот по локално време ќе положи заклетва во Вашингтон, под интензивни безбедносни мерки.