Vesna Besic
07 Јуни 2022•Ажурирај: 08 Јуни 2022
ЛОНДОН (АА) - Еден дел од Лондон, каде што се наоѓаат многу владини институции во британскиот главен град, затворен е поради полициска истрага за сомнителен пакет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Затворено е подрачјето во близина на Даунинг Стрит. Лондонската полиција соопшти дека истражува сомнителен пакет во Вестминстер, делот на градот каде што се наоѓа британскиот Парламент.
По контролираното детонирање на сомнителниот пакет, улицата е повторно отворена. Во меѓувреме, на новинарите пред зградата на премиерот не им беше дозволено да влезат.