Gökhan Kurtaran
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
ЛОНДОН (АА) - Најголемата швајцарска банка UBS соопшти дека една третина од европските компании во Велика Британија планираат да ги намалат инвестициите, а причина за тоа е неизвесноста поврзана со излезот на Велика Британија од ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според анкетите кои швајцарската банка ги спроведе меѓу 600 европски компании, половина од нив нема да ја менуваат политиката на работење и инвестирање во Велика Британија, додека 34 отсто од компаниите во следните 6 до 12 месеци планираат да ги намалат инвестициите.
Се наведува, исто така, дека 13 отсто од компаниите планираат во потполност да ги повлечат вработените од Велика Британија, додека 31 отсто од компаниите ќе го повлечат мнозинството.
Со анкетата е потврдено дека само 5 отсто од европските компании во Велика Британија во наредниот период планираат да го зголемат бројот на вработените.