Sarp Özer
03 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
ТРИПОЛИ
Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар и началникот на Генералштабот на турската војска, Јашар Ѓулер, стигнаа во работна посета на главниот град на Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар и Ѓулер на аеродромот „Митинга“ во Триполи дочекани се со највисоки воени почести.
На дочекот присуствуваа заменик-министерот за одбрана на Либија, Селахадин Абдулахан Немруш, началникот на Генералштабот на либиската војска, Мухамед ал Шариф, турскиот амбасадор во Либија, Серхат Аксен и други либиски и турски функционери.
Турската делегација која ја предводи министерот Акар потоа го посети Командниот центар за помош во обука и соработка во областа на одбраната и безбедноста.
Акар и Ѓулер во текот на посетата на теренот ќе ја видат имплементацијата на активностите кои ги предвидува Меморандумот за воена и безбедносна соработа кој Турција претходно го потпиша со меѓународно признатата Влада за национално единство на Либија.