Esin Işık
13 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Турските војници започнаа со расчистување на мините и рачно изработените експлозивни направи во Либија, кои претставуваат закана за цивилите во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, објавено на официјалниот профил на Твитер, се истакнува дека во Либија една по една се расчистуваат мините поставени од страна на милицијата на пучистот Калифа Хафтар.
Се потсетува дека Турските вооружени сили (ТСК) обезбедуваат обука и консултантска поддршка за либиската Армија во регионот. Исто така, се напоменува дека Турските вооружени сили во Либија се наоѓаат по покана на либиската Влада, признаена од Обединетите нации (ОН).
„Со ослободување на подрачјата од пучистот генерал Хафтар, експертите на Турските вооружени сили и тимот за откривање и уништување мини започнаа со активностите за отстранување на мините и рачно изработените експлозивни направи во подрачјето, кои преставуваат закана за цивилите во Либија“, се истакнува во соопштението од турското Министерство.