Sena Güler,Cansu Dikme
07 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
АНКАРА
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека турските и руските сили ја спровеле деветтата заедничка патрола на автопатот во северозападна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на својот твитер-профил Министерството наведе дека во рамките на договорот за спроведување заеднички контролни патроли, турските и руските сили ја извршиле деветтата копнена патрола на Автопатот М4 во Идлиб со учество на копнените и воздушните елементи.
Автопатот М4, исто така познат како патен правец Алепо - Ал Хасека, се наоѓа на 30 километри од јужната граница на Турција.
Осмата заедничка патрола беше спроведена во вторникот.
Турција и Русија се согласија на протоколот со кој ги повикуваат сите страни во Идлиб за прекин на огнот, a турските и рускитe сили, како гаранти на примирјето, заеднички спроведуваат контролни патроли по должината на линиите за раздвојување, или по Автопатот М4. Заедничките патроли започнаа на 6 март.