Sena Güler
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турските и Американските вооружени сили вчера ја завршија својата 21. координирана патрола во северниот сириски град Мунбич, како дел од договорот со Соединетите Американски Држави (САД) за ослободување на подрачјето од терористичката организација ЈПГ/ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турскиот Генералштаб се вели дека силите на двете земји извеле одделни координирани патроли во подрачјето меѓу областите ослободени во офанзивата „Штитот на Еуфрат“ и Мунбич.
Првите патроли турските и американските сили во регионот ги започнаа на 18 јуни.
Договорот за Мунбич помеѓу Турција и САД се однесува на повлекување од градот на терористичката организација ЈПГ, огранок на ПКК, со цел стабилизирање на регионот.
Во над 40-годишната терористичка кампања против Турција, терористичката ПКК одзеде околу 40.000 животи, вклучувајќи жени и деца. ЈПГ/ПКК е нејзин сириски огранок.
Доколку моделот за Мунбич се покаже успешен, Турција ќе го примени и во источна Сирија.
Присуството на припадниците на терористичката организација близу турската граница претставува закана, поради што Турција започна воени операции со цел да го расчисти регионот од терористите.