Haydar Karaalp
07 Јуни 2023•Ажурирај: 08 Јуни 2023
БАГДАД (АА) - Најмалку четворица терористи, меѓу кои и еден од таканаречените високи лидери на терористичката организација ДЕАШ, се убиени во операција на ирачките сили на северот на главниот град Багдад, пренесува Анадолу.
„Силите на 23-та пешадиска бригада извршија операција против бандите на терористичката организација ДЕАШ во Таримије. Во операцијата спроведена врз основа на разузнавачки информации убиени се четворица терористи, меѓу кои и таканаречениот северен гувернер на Багдад“, изјави Ахмад Селим, командант на операциите во Багдад, објави агенцијата ИНА.
Ирачките сили повремено вршат операции против ДЕАШ во регионот Таримије, северно од Багдад.
Терористичката организација ДЕАШ е присутна во регионите, како што се планините Хамрин во Дијала и долините Кеј и Зејтун во Киркук.
Познато е дека членовите на ДЕАШ се наоѓаат и во пустинската област во Анбар и западно од Мосул. Припадниците на ДЕАШ таму повремено гаѓаат ирачки сили и цивили.