Arif Yusuf,İdris Okuducu
20 Ноември 2019•Ажурирај: 20 Ноември 2019
БАГДАД (AA) - Министерството за внатрешни работи на Ирак соопшти дека е укинат полициски час кој околу месец дена бил во сила поради антивладините протести во таа земја, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението од министерството е наведено дека по наредба на министерот Јасин Тахир ал-Јасир, укинат е полициски час кој е во сила од 24 октомври оваа година.
Оваа одлука е донесена како резултат на напредок на полето на безбедноста, се наведува во соопштението.
Антивладините протести во Ирак траат од почетокот на октомври, а до сега во нередите животот го загубија најмалку 319 лица, додека повеќе од 15.000 се повредени.
Високата стапка на невреботеноста, корупцијата и се потешката безбедносна и економска ситуација се повод за протестите на граѓаните. Според податоците на Светската банка, Ирак е 12. најкорумпирана земја на светот, а стапка на невработеноста на младите изнесува 25 отсто.