Talha Yavuz
04 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
КИЕВ
Во болница за заразни болести во украинскиот град Запорожје избувна пожар во кој животот го загубија четири лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Службата за итни случаи во Украина соопшти дека синоќа во 23:25 часот по локално време добила известување за пожар.
Во соопштението се наведува дека пожарот избувнал во Одделението за интензивна нега, а во него животот го загубиле четири лица, од кои еден лекар и тројца пациенти. Пожарот е изгаснат во 00:19 часот.
Во тек е истрага во врска со настанот.