Ruslan Rehimov
30 Април 2022•Ажурирај: 01 Мај 2022
КИЕВ (АА) – Околу 23.200 руски војници досега загинале во Украина, соопшти денес украинската Армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Украинските сили уништиле 190 руски авиони, 155 хеликоптери, 232 беспилотни летала, 1.008 тенкови, 2.445 оклопни возила и 436 артилериски системи, се најновите податоци на украинскиот Генералштаб.
„Русите изгубија и 151 повеќецевен ракетен фрлач, 1.701 возило, 76 резервоари за гориво, 77 противвоздушни системи и осум чамци“, се додава од Генералштабот.
Според проценките на ОН, најмалку 2.899 цивили загинале, а 3.235 се повредени во Украина откако Русија ја започна војната против Украина на 24 февруари, а се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, над 8,3 милиони Украинци пребегнале во соседните земји.