Davit Kachkachishvili
01 Јануари 2023•Ажурирај: 02 Јануари 2023
КИЕВ (AA) - Украинската војска соопшти дека руската војска извршила 31 ракетен напад и 12 воздушни напади на Украина во последните 24 часа, известува Агенција Анадолија (АА).
Украинскиот Генералштаб информираше дека руските сили извршиле ракетни и воздушни напади во различни делови на Украина во саботата и во неделата наутро.
Се додава дека нападите главно биле насочени кон регионите на Киев, Чернихив, Суми, Хмељнички, Доњецк, Запорожје, Николајев и Херсон.
Во соопштението се наведува дека Русија во нападите користела 13 ирански дронови Шахид-136, познати како „камикази“.
„Сите ги уништија украинските одбранбени сили“, објави украинската војска.