Ruslan Rehimov
09 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинската армија соопшти дека од почетокот на војната во Украина загинале 25.650 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералштабот се наведува дека украинските сили од 24 февруари до 09 мај уништиле 199 авиони, 158 хеликоптери и 1.145 тенка.
Исто така, украинските сили уништиле 2.764 оклопни возила, 513 топови, 185 ракетни системи и 87 системи за противвоздушна одбрана.
Освен тоа, руските сили загубиле и 1.970 возила, 12 брода и лесни глисери и 377 беспилотни летала.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана на 25 март беше истакнато дека во Украина загинале 1.351 руски војник.