Jeyhun Aliyev
16 Март 2022•Ажурирај: 16 Март 2022
АНКАРА (АА) - Руски воени бродови со проектили и артилерија ги нападнаа крајбрежните области на Одеса во текот на ноќта, соопшти советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Руските поморски сили истрелаа огромно количество муниција од поголема далечина кон брегот во близина на селото Тузла“, објави Герашченко рано утрово преку Твитер.
Тој не сподели детали за причинета материјална штета или човечки жртви, но наведе дека „немало обиди за продирање на војници на копното“.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), откако на 24 февруари Русија започна воени дејствија во Украина, досега животот го изгубиле најмалку 691 цивил, додека 1.143 се повредени.
„Над 3 милиони бегалци пребегаа од земјата, додека околу 6,7 милиони луѓе се внатрешно раселени“, соопшти Агенцијата на ОН за бегалци.