Seda Sevencan
21 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Речиси 21.000 руски војници се убиени во Украина откако Русија ја започна војната против својот западен сосед, тврди украинската војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку соопштение украинскиот Генералштаб информира дека Украинската армија досега уништила 172 руски авиони, 151 хеликоптер, 829 тенка, 2.118 оклопни возила, 393 артилериски системи и 8 чамци.
„Руските сили изгубија и 136 системи за повеќекратни ракетни фрлачи, 1.508 возила, 76 резервоари за гориво, 67 противавионски системи и 166 беспилотни летала“, се вели во соопштението.
Според проценките на Обединетите нации (ОН), најмалку 2.224 цивили загинаа, а 2.897 се повредени во војната во Украина што започна на 24 февруари. Се смета дека вистинските бројки се многу поголеми.
„Повеќе од 5 милиони Украинци пребегаа во други земји, а над 7 милиони се внатрешно раселени“, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.