Bahtiyar Abdülkerimov
26 Март 2022•Ажурирај: 28 Март 2022
КИЕВ (АА) - Оштетувањата на инфраструктурата во текот на руските напади во Украина се проценуваат на речиси 63 милијарди долари, известува Агенција Анадолија (АА).
Русија го започна нападот на Украина на 24 февруари, а експертите од Киевската школа за економија објавија анализа во која се наведува дека украинската инфраструктура претрпела штета во износ од 63 милијарди долари.
Штетата предизвикана во изминатите 7 дена е проценета на 3,5 милијарди долари.
Експертите наведуваат во извештајот дека во руските напади се оштетени повеќе од 8.000 патишта, 260 мостови, 4.431 станбен објект, 92 фабрики или претпријатија, 378 образовни институции, 138 здравствени институти, две пристаништа, осум цивилни и 10 воени аеродроми, како и 8 електрани, вклучувајќи и нуклеарна електрана.