Ekip
20 Септември 2022•Ажурирај: 21 Септември 2022
МОСКВА (АА) - Источните украински региони Луганск и Доњецк ќе одржат референдум за приклучување кон Русија од 23 до 27 септември, објавија денес претставниците на сепаратистичките региони, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Референдумот за прашањето за приклучување на Народна Република Луганск во Руската Федерација како субјект на Руската Федерација ќе се одржи од 23 до 27 септември“, објави на Телеграм, Денис Мирошниченко, претседател на Народниот совет на Народна Република Луганск, парламентот што го воспоставија проруските демонстранти во април 2014 година.
Во посебно соопштение, Денис Пушилин, претседател на самопрогласената Народна Република Доњецк, рече дека референдумот за приклучување кон Русија во регионот, исто така, ќе се одржи од 23 до 27 септември.
Во понеделникот, јавните совети на самопрогласените региони Доњецк и Луганск ги повикаа шефовите на сепаратистичките администрации веднаш да организираат гласање за пристапување на територијата на Донбас во составот на Русија.