Adis Karadza,Elvır Hodzıc
07 Мај 2022•Ажурирај: 08 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Украинските безбедносни сили денес ги уништија неексплодираните бомби и мини што зад себе ги оставија руските војници по повлекувањето од околината на Киев, главниот град на Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
По повлекувањето на руските сили кои преминаа во источниот дел на Украина, деминерските тимови продолжуваат да ги собираат и уништуваат неексплодираните бомби на подрачјата каде што животот постепено се нормализира.
Мобилните тимови за спасување и брза реакција ги детектираат и отстрануваат заостанатите убиствени средства, кои потоа ги префрлаат со возила на заштитени подрачја каде контролирано ги уништуваат.
Украинските власти го предупредија населението да „не ги допира, подига и поместува“ експлозивните средства.