Ahmet Gürhan Kartal
06 Март 2019•Ажурирај: 07 Март 2019
ЛОНДОН (АА) - Универзитетот во Глазгов беше евакуиран откако во просторијата за пошта бил пронајден сомнителен пакет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Полицијата на Шкотска како мерка на претпазливост евакуираше голем број згради од главниот универзитетски кампус, откако сомнителен пакет беше пронајден во просторијата за пошта во Универзитетот“, пишува на официјалниот профил на Твитер на Универзитетот.
„Полицијата работи на случајот и ќе накнадно ќе обезбедиме дополнителни информации“, се вели во објавата на Твитер.
Од Универзитетот соопшти дека како мерка на претпазливост, полицијата ги советувала евакуираните згради да останат затворени до крајот на денот. Како такви, часовите во овие објекти се откажани за остатокот од денот.
Во вторникот, три мали импровизирани експлозивни направи беа пронајдени од страна на британската полиција на фреквентни места во Лондон.