Faruk Zorlu
11 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
ВАН (АА) - Уредот „Долусавар“ („Противград“), кој со звучен бран го претвора градот во дожд, привлече голем интерес во Турција и во странство, јавува Anadolu Agency (AA)
„Долусавар“ ја спречува кристализацијата на водата со звучен бран, испратен кон небото преку уредот.
Иранскиот претприемач Јадола Насрулахи, со поддршка на турскиот Центар за развој на бизниси, го создаде „Долусавар“ во турската источна област Ван, со цел да го заштити земјоделското производство од градот.
Насрулахи започна со масовно производство на уредот поради сѐ поголемата побарувачка на домашниот и на странскиот пазар.
„Нашата цел е да го продаваме овој уред во сите европски земји“, изјави Насрулахи за АА.
Уредот дава добри резултати на површина од речиси 1.000 ари и може да се контролира со мобилен телефон. Откако беше пласиран во Азербејџан, има зголемување на побарувачката од европските земји.
„Градот нанесува голема штета на економијата на земјата“, истакна претседателот на Одборот на турскиот Центар за развој на бизниси, Махмут Гедик, додавајќи: „Сметаме дека направивме значителен придонес и за економијата на земјата, и за земјоделците.“