ИДЛИБ
Во Идлиб, и покрај намалувањето на нападите од страна на Русија, режимот на Башар ал Асад и групите поддржани од Иран, во последните 48 часа во близина на турската граница се преселија уште 20 илјади цивили. Од почетокот на ноември, бројот на внатрешно раселени лица достигна 284.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
И покрај тоа што од почетокот на изминатата недела бомбардирањата на Идлиб од страна на Русија, режимот на Башар ал Асад и групите поддржани од Иран се намалени, семејствата од Идлиб, плашејќи се од продолжување на бомбардирањето, бегаат во областите во близина на границата со Турција.

Директорот на Координацијата за дејствување во Сирија, Мухамед Халај, кој работи со податоците за раселените лица, во изјавата за дописникот на АА рече дека во последните 48 часа околу 20.000 цивили ги напуштиле своите домови.
Халај, исто така, рече дека од почетокот на минатиот месец до денеска, особено од нападите на режимот и на Русија во областите блиску до сириско-турската граница се раселиле 284 илјади цивили.
Доколку нападите повторно се интензивираат, постои загриженост дека имиграцијата ќе започне и во регионот Џебел ез-Зевије на југот на Идлиб и дека на тој начин ќе бидат раселени уште 250.000 цивили.

Илјадници цивили имаат потешкотии да најдат засолниште поради пополнетите кампови во Идлиб, недостатокот на простор за поставување нови шатори, немањето инфраструктура, а исто така намалена е и помошта.
АА ги сними камповите, кои се поплавени и се наоѓаат во кал.
Илјадници семејства што избегаа од нападите чекаат помош.
Во воздушните напади на режимот на Асад и Русија во подрачјето на Зоната за намалување на тензиите во Идлиб животот го загубија двајца цивили, од кои едно дете и еден претставник на Цивилната заштита.
Опсерваторијата на опозицијата за набљудување на авиони информираше дека руски воени авиони извршиле воздушен напад врз населените места Кетибе Мехџура и Тел Менис, кои се наоѓаат на линијата на фронтот.
Воените авиони на режимот на Асад извеле воздушни напади врз местата Марет ал Нуман и Ериха, селата Маршурин, Тел Менис и селата Маршимарин, Гадафа, Мардибсе, Мантафм Бинин, Хантутин и Хан ес Субул сместени во планинскиот предел Џебел ез Завије.
Според информациите на екипите на Цивилната заштита од Идлиб, во нападите врз местото Марет ал Нуман животот го загубија двајца цивили, од кои едно дете и еден претставник на Цивилната заштита.
Екипите на Цивилната заштита од една страна продолжуваат со спасувачките операции за пронаоѓање на преживеани под урнатините, а од друга страна се обидуваат на безбедни подрачја да ги евакуираат цивилите што бегаат пред нападите.
Покрај тоа, руските авиони ја гранатираат и рутата по која цивилите бегаат кон подрачјата на сириско-турската граница.

Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.
Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција, достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.

Турција, Русија и Иран на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија повеќе од 1.300 цивили.
Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција и во областите ослободени од операциите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“, за една година надмина 1 милион.
news_share_descriptionsubscription_contact
