Aida Cako
09 Јули 2025•Ажурирај: 10 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Пред германскиот Бундестаг во Берлин беше одржана изложба на фотографии покажувајќи ја хуманитарната трагедија во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Изложбата ја организираше платформата „Авааз“ под името „Погледни во очите на децата од Газа“, а пред зградата на Парламентот беа поставени десет фотографии во голем формат на кои се прикажани деца од Газа.
Директорот на „Авааз“ за Германија, Кристоф Шот, повика на посилна акција од страна на германската Влада.
„Токму затоа сме тука да ги потсетиме луѓето дека децата во Газа се исто како нашите деца, како децата во Германија, Европа или Израел. Нешто мора да се смени. Перспективата мора да се смени. Владата мора да направи повеќе од тоа само да слуша критики“, рече Шот.