Ekipa
08 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Полицијата во градот Mодан сѐ уште е во потрага по две лица што исчезнаа во лавината што вчера го затрупа ски-центарот Валфрежус, во близина на француските Алпи, јавува Anadolu Agency (AA).
Спасувачите успеаја да дојдат до телото на еден холандски сноубордер. Околу 60 спасувачи и кучиња трагачи продолжија со потрагата откако во текот на вчерашниот ден се урна лавина во близина на италијанската граница.
Полицијата соопшти дека ризикот од нова лавина во истата област сѐ уште е висок и дека е потребно да се осигура тој дел, со цел да се продолжи со потрагата.
Телото на едно лице е пронајдено доцна синоќа.
Акцијата за спасување беше бавна поради лошите временски услови. Тројца сноубордери на возраст меѓу 20 и 25 години беа дел од истата група.
Уште една лавина се урна во областа на популарниот ски-центар Tин на Алпите, но во таа несреќа немаше жртви.